Вработените на УСЈЕ донираа храна за децата на улица

16.4.2013

На 12.04.2013 г., по повод Меѓународниот ден на децата на улица, вработените УСЈЕ доброволно се приклучија на Караванот за донација на храна за децата на улица како дел од акцијата „ Заедно сме погласни – Да донираме храна за децата на улица“ организирана од неколку невладини организации.

Беа собрани голем број пакети со храна за децата на улица кои, како што велат организаторите, ги имаат истите права како и сите други деца.

Оваа активност е дел од глобалната акција „Заедно сме погласни“. Акцијата има цел да ја зголеми свеста кај луѓето за обезбедување на детските права.

Во светот, над десет милиони деца живеат на улица, а им недостасува најосновното – храна и засолниште. Вработените на УСЈЕ со овој хуман гест сакаат да им пружат поддршка на овие деца во исполнување на нивните најосновни потреби.