Годишна програма за стипендии за МБА студии во странство на УСЈЕ

08.4.2011

Цементарница УСЈЕ АД Скопје доделува стипендија за постдипломски студии на МБА Програмата на Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција за училишната 2011/2012 година. Стипендијата ги покрива сите трошоци за школување и сместување за времетраење на студиите.

Основни критериуми:

1. Диплома за економист, машински, електро или технолошки инженер (просечна оценка над 8,00)
2. Одлично познавање на англиски јазик (TOEFL, минимум 100 бодови (ALBA код 0942), IELTS мин. 7)
3. Се очекува и GMAT (минимум 550 бодови, ALBA MBA код 3BM-38-74)
4. Три години работно искуство

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите да ги испратат комплетните документи за пријавување најдоцна до 01.05.2011 год. на г-ѓа Анита Стојковска, e-mail: anitas@usje.com.mk или на адреса: Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Трајковски 94, 1000 Скопје.

Кандидатите треба да се пријават и on-line за Full Time MBA или да го преземат формуларот за пријавување од https://applications.alba.edu.gr/, контакт лице од АЛБА, Ms Z. Kourounakou, Director of International Relations, e-mail: zkouroun@alba.edu.grhttp://www.alba.edu.gr/Academic/.


Корпоративната општествена одговорност отсекогаш е во суштината на филозофијата на ТИТАН и има директно и постојано влијание врз неговото работење како деловно претпријатие, како и врз неговите работни односи и инволвираноста во општеството. Согласно нашиот пристап за интегрираност во општеството, социјалната политика на Групацијата се имплементира во областите во кои Групацијата има знаење и искуство, што претставува неопходен предуслов за додадена вредност, меѓу кои образование, животна средина и здравје и заштита при работа. Во овој контекст, Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја објавува седмата Годишна програма за стипендии за училишната 2011/2012 година, која ќе обезбеди стипендија за врвен дипломиран студент од Македонија за постдипломски студии на Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција.