Започнаа обуките за информирање и запознавање на овластентие инспектори и комунални редари од сите општини во земјава, за новите предлог закони од областа на управување со отпадот што се во владина процедура, а воедно и запоснавање со предлог текстот на Националниот план за Управување со отпад 2020-2030 година. Во насока на запознавањето на надлежните лица во општините со измените и новините што се предвидува со законски измени од областа на третманот и собрирањето на отпадот, ќе се организираат четири обуки организирани по региони и тоа, Југозападен и Пелагониски Регион, Вардарски и Југоисточен Регион, Источен и Североисточен Регион и Скопски и Полошки регион.
Работилниците се организирани од Здружението на граѓани за заштита на животната средина и просторно планирање Планктониум.
Во текот на обуките беа презентирани и потенцијалите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје во процесот на интегрирано управување со отпадот и неговата реупотреба. Дополнително на тоа презентирани се и досегашните децениски искуства на земјите членки на ЕУ и вклучувањето на цементната индустрија во овој процес, следејќи ги најдобрите европски практики за намалување на стакленичките гасови во воздухот и заштита на животната средина.
Во следниот период инспекторите и комуналните редари од општините ќе ја посетат Цементарница УСЈЕ АД Скопје за што подетално да се запознаат со можностите.
Во текот на сите обуки запазени се препорачаните мерки и протоколи за заштита од ширењето на Ковид-19 вирусот.
Здружението работи на волонтерска основа и главно се занимава со прашања поврзани со животната средина, едукација на општата јавност и развивање на еколошката свест од најмала возраст, помагање во имплементирањето на националните закони, енергетска ефикасност и свест за климатските промени, пошумување на голи површини, сеопфатна грижа за водените еко-системи т.е. се што значи поддршка на заштитата на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со сите засегнати страни подготви пакет закони од оваа област меѓу кои и нов Закон за управување со отпад и пакет закони за проширена одговорност на производителите на текстил, масла, гуми, искоритени возила, пакување, батерии и електрична или елкторнска опрема. Со носењето на овие закони и Националниот план за управување со отпадот 2020-2030 значително ќе се подобри состојбата со собирањето и третманот на отпадот.