Година на резултати, вложување во вработените, тимска работа и успешно реализирани проекти во работењето на Титан Усје за оваа 2024 година беше во фокусот на неодамнешниот “Ден за комуникација со вработените”. 2025 ќе биде година на трансформации за Титан Усје, која ќе биде обележана со нашата посветеност на декарбонизација, дигитализација, силен фокус на клиентите и, најважно, развој на нашите вработени.
Следната 2025 година ќе го прославиме и нашиот 70-годишен јубилеј – оставајќи траен белег врз индустријата и општеството. Во ТИТАН Усје, веруваме дека градиме за иднината, се грижиме и градиме за да трае:
- Безбедноста и благосостојбата на нашите вработени се наш приоритет. Создадовме безбедна работна средина за сите наши вработени, добивајќи ја највисоката Национална награда за здравје и безбедност при работа.
- Креираме и имплементираме проекти ставајќи го фокусот на грижа за заедницата. Нашата нова дигитална иницијатива “Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини” ја одразува нашата посветеност на добросостојбата на нашите деца и локалната заедница. Тоа е доказ за тимска работа и заедничка визија за инвестирање во идните генерации – проект на кој сме неизмерно горди.
- Титан усје е лидер во дигиталната трансформација. Преку континуирани инвестиции во дигитализација и модернизација, ТИТАН Усје е еден од шесте финалисти на групацискиот Ideation Challenge натпревар за 2024 и ја освои наградата “Leaderboards” за најголем број апликации со најиновативни проекти од нашите вработени во ова натпреварување.
- Во текот на 2024 година успеавме да направиме значителни инвестиции во нови производствени технологии кои придонесуваат кон намалување на CO2 емисиите, покажувајќи ја нашата посветеност кон одржливи практики и грижа за животната средина.
Посветеноста од нашите вработени, тимската работа и отвореноста за споделување нови идеи се движечката сила зад овој заеднички успех.