Цементарница УСЈЕ организираше Ден за комуникација со сите вработени во чест на нашиот директор Борис Хрисафов кој стои зад успехот на УСЈЕ во изминатите 13 години и наскоро заминува во пензија.
Овој настан беше единствена можност за сите, сегашни и поранешни вработени, да се потсетат на достигнувањата, успесите и предизвиците што ги победивме заедно под визионерското лидерство на Борис.
Од споделување анегдоти до прикажување незаборавни моменти, создадовме атмосфера исполнета со благодарност, почит и убави спомени. Додека се збогувавме со Борис, истовремено му посакавме и топло добредојде на нашиот нов директор Константинос кој ги претстави стратегиските цели и визија за заедно да изградиме паметна фабрика на иднината и подобар свет!