Претседателот Стево Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците и благодарниците на компаниите кои учествуваа во програмата „Млади менаџери и деловни лидери“ што беше организирана од Советот на странски инвеститори, а под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Сeверна Македонија. Претставник од Цементарница УСЈЕ присуствуваше на овој настан и ја прими благодарницата за учество на истиот.
Оваа година Цементанрниа УСЈЕ како членка на Советот на странски инвеститори за првпат учествуваше во оваа програма и одржа обуки на младите кои беа дел од оваа програма.
