Цементарница УСЈЕ АД Скопје континуирано соработува со Општина Кисела Вода околу проекти од општествен интерес, а особено за унапредување на животната средина и помагање на месното население.
Така, Цементарница УСЈЕ АД Скопје заедно со Општината покренаа иницијатива и започнаа активности за покривање на Усјанскиот канал, во должина од 800 метри, на потегот од селото Усје до мостот на ул. „Борис Трајковски“, во н. Лисиче.
За таа цел Цементарница УСЈЕ АД Скопје како донација за Општината ја обезбеди изработката на главниот проект за затварање на Усјанскиот канал.
Целта на овој проект е да се реши долгогодишниот проблем на локалното население од отворениот канал кој покрај атмосферските води ги прифаќа и другите отпадни и фекални води од околните објекти. Со затворањето на калналот ќе се елиминираат непријатната миризба и заканите по здравјето и безбедноста на граѓаните.
Со проектот е предвидено поставување на армирано- бетонски цевки со дијаметар од 1900мм во коритото на постоечкиот канал и нивно насипување со земја. Површината над постоечкиот канал хортикултурно ќе се уреди и користи како шеталиште.