Оваа недела УСЈЕ беше домаќин на посета на повеќе од 25 деца преку ЕдуСпејс4скул организацијата. ЕдуСпејс4скул е здружение на граѓани, непрофитна организација, чија програма нуди унапредување на квалитетот на образованието преку комплет вонучилишни, образовни активности за деца на возраст помеѓу 7 и 12 години.
Во рамките на нивната програма ExplorerSpace, предвидено е изведување на екскурзии од едукативен карактер, еден вид збогатување на содржините на вон-наставните активности активности.Екскурзиите имаат за цел воведување на иновативни наставни методи и техники на учење преку истражувачки активности.
Децата со огромна заинтересираност и љубопитност ги следеа и активно учествуваа во предавањата од нашите вработени со цел запознавање со начинот на работа во фабрика, контрола на квалитет и производствен процес во градежна индустрија.

