Секоја година овој настан остварува хумана цел, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на аматерите кон професионалците. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде наменета за поддршка на спортистите од Специјалната Олимпијада на Македонија за што поквалитетни подготовки, учество и видни резултати на Летните Олимписки Игри во САД 2015 год. На Специјалната Олимпијада учествуваат и се натпреваруваат млади луѓе со посебни потреби, а оваа година се предвидува дека ќе биде најголемиот хуманитарен светски настан одржан до сега со учество на 7000 спортисти од 177 земји кои ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови.
Во склад со својата политика за општествена одговорност и вложување во заедницата, УСЈЕ веќе втора година по ред го поддржува овој традиционален настан со хуманитарна цел, а оваа година испрати и своја екипа од вработени кои се натпреваруваа и ја претставуваа компанијата на натпреварот.