На 11 ноември, тимот на Цементарница УСЈЕ составен од повеќе од 40 вработени вклучувајќки го и менаџмент тимот организираа есенска акција за саденје на дрвца. Акцијата беше организирана во рудникот УСЈЕ, во близина на населбата Припор. За време на акцијата беа засадени повеќе од 2050 садници дрвца: пирамидален и аризонски чемпрес, црн бор, див јоргован, црн јасен и даб.
Рехабилитација на рудниците, пошумување, зазеленување површини во кругот на фабриката и одржување и подобрување на околната вегетација се дел од политиката за животна средина и рехабилитација на УСЈЕ. Цементарница УСЈЕ редовно учествува во вакви акции и од 1998 година, повеќе од 364.000 дрвја се засадени или донирани на трети страни за садење.