Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) издаде А Интегрирана Еколошка Дозвола (А-ИСКЗ Дозвола) на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.
Постапката за добивање на А-ИСКЗ Дозвола започна во јуни 2007 год и се одвиваше според законските барања кои ја покриваат оваа област. Во текот на постапката, претставници на МЖСПП направија повеќе инспекциски увиди на сите делови на инсталацијата и утврдија дека начинот на работење во Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги задоволува барањата за заштита на животната средина, а често интерните критериуми и процедури се построги од пропишаните правила.
Добивањето на оваа дозвола е потврда за нашите заложби за заштита на животната средина и истовремено дава интегрална рамка за понатамошно следење на сите активности во цементарницата од аспект на заштита на животната средина.

