Изјава на менаџментот на Цементарница Усје

28.4.2009

Соочена со ефектите од светската економска криза и влошените економски услови на домашниот и извозните пазари кои предизвикуваат значителен пад во производството и продажбата, Цементарница Усје е принудена, без било какво понатамошно одложување, да бара решенија кои ќе обезбедат долгорочно опстојување на фабриката и продолжување со работа на долг рок.

Компанијата денеска го извести синдикатот за потребата од редукција на 180 работни места, како резултат на отежнатите економски услови со кои во моментов се соочуваме, а кои најверојатно ќе продолжат и во иднина.

Нашата сегашна преокупација и поставена цел е преку континуиран дијалог и соработка со синдикатот и вработените, а во согласност со законот и компаниската политика и традиција за корпоративна социјална одговорност, да изнајдеме ефикасни решенија кои ќе обезбедат одржливост на работните места на што поголем број вработени и социјалана сигурност на сите кои се вклучени во овој процес.