Министерот за животна средина и просторно планирање во посета на Цементарница УСЈЕ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ја посети Цементарница УСЈЕ, при што одблиску беше запознаен со процесите и нашинот на работа во компанијата, со посебен фокус на нашите заложби за заштита на животната средина.
На присутните им беше презентирано кратко видео за изградбата, постоењето и развојот на Цементарница УСЈЕ се до денес. Свое обраќање имаше и Главниот извршен директор, Борис Хрисафов кој ја потенцираше стратешката определба на компанијата за одржлив развој, односно за следење на деловните цели и создавање вредности на општествено одговорен начин.
Една од главните теми на оваа посета беше и запознавањето со работата согласно А-интегрираната еколошка дозвола и сите мерки за заштита на животната средина кои беа презентирани од страна на Менаџерот за животна средина во Цементарница УСЈЕ.
Кон крајот на посетата, присутните придружени од нашите инженери и експерти ги посетија и производствените погони со цел запознавање со процесот на производство и начинот на работа во Цементарница УСЈЕ.

