Национална награда за општествена одговорност за УСЈЕ

20.10.2010

УСЈЕ доби прва награда за општествена одговорност кон вработените за проектот „Бенефиции за деца на вработените“

21.10.2010, Скопје

Како дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во РМ“, кофинансиран од Европската Унија, а спроведуван од Министерството за економија во партнерство со: Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект, Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата организираше доделување национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2009 година.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја освои првата награда, во конкуренција од вкупно 42 проекти, во категоријата Односи со вработените за проектот Бенефици за децата на вработените.
Оваа награда е потврда за посветеноста и заложбите на УСЈЕ да биде одговорен корпоративен граѓанин и да придонесува за растот и добросостојбата на сите засегнати страни, вклучувајќи ги своите вработени, животната средина, соседството и општеството како целина.