Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје, во партнерство во партнерство со Националниот институтот за градежништво на Словенија (ZAG) и Заводот за геолошки истражувања на Словенија (GEoZS) организираше интернационална on-line работилница на тема „Циркуларна економија и одржливо управување со секундарни суровини за нивна употреба во производство на цементи со ниско учество на јаглерод“. Работилницата е во рамки на RIS-ALICE проектот, поддржан од Европската Унија, чија цел е пронаоѓање и мапирање на алтернативни суровини, кои од една страна го заменуваат користењето на природните материјали во производството, а од друга страна го намалуваат штетното влијание на суровините како остатоци од други индустрии. Конечната цел е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.
На Работилницата беше презентиран Регистарот на секундарни минерални суровини за производство на цементи со низок отпечаток на јаглерод, како и стратегии и решенија за ефикасно спроведување на декарбонизацијата во индустријата. Воведното излагање го имаше проф. Емилија Фиданчевска од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, а учествуваа експерти, претставници на европски институции и на индустријата од Швајцарија, Белгија, Франција, Израел, Грција и Словенија. Ве покануваме (особено производителите и корисниците на минерален отпад) да ја посетите веб страната: https://alice-registry.eu/ и да го користите регистaрот за да ги споделите вашите податоци за секундарни суровини.
Одржувањето на овој значаен експертски настан беше со поддршка на Цементарница УСЈЕ, која е партнер во RIS-ALICE проектот и еден промоторите на принципите на декарбонизација во цементната индустрија.