Цементарница УСЈЕ и оваа година придонесе за насмевка на многу дечиња. Како општествено одговорна компанија, беше дел од Хуманитарниот Новогодишен базар во организација на Општина Кисела Вода а истовремено во доброволна акција на вработените беа собрани средства за подароци за децата на Универзитетската клиника за детски болести.
Можноста да бидеме дел од активностите поврзани со заедницата и да им подадеме рака на оние на кои им е најмногу потребна е нешто за што многу се грижиме и се трудиме да го вклучиме во нашата работа во текот на годината а особено во овој период.
Секогаш сме тука да ги разубавиме празниците за најмалите!