Цементарница УСЈЕ организираше низа активности за одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април.
На настанот беа поканети сите вработени, заедно со над 100 изведувачи и гости. Г-дин Марио Брачи, Генерален директор на кластерот за Албанија, Косово и Северна Македонија, ја имаше честа да присуствува на овој настан. За време на настанот, Главниот извршен директор, Константинос Николаоу одржа презентација во која ја истакна важноста на здравјето и безбедноста при работа во рамките на УСЈЕ и Групацијата ТИТАН. Техничкиот директор Гоце Цветкоски ги истакна нашите силни заложби и достигнувања во обезбедувањето здравје и безбедност при работа. Нашиот менаџер за здравје и безбедност, Валерија Миланова, даде преглед на нашите перформанси во оваа клучна област. Заменик-раководителот на Секторот за европска интеграција и меѓународна соработка при Министерството за труд и социјална политика истакна дека УСЈЕ е водечка компанија во спроведувањето на практики од областа на безбедност и здравје при работа во индустријата. Во текот на целиот настан, неколку вработени преку демонстрации и вежби за играње улоги ги презентираа кардиналните безбедносни процедури. Настанот кулминираше со награди за најдобри практики на вработени или сектори кои се истакнуваат на полето на безбедност и здравје на работното место. На крај сите има можност за неформално дружење како и споделување на свои искуства.
Освен овие активности, за децата на нашите вработени беше организирана и работилница за цртање на цртежи со мотив за безбедност и здравје при работа. Во меѓувреме, поттикнати од инспирацијата на познатиот готвач Марк, неколку колеги формираа тимови и се вклучија во натпревар во готвење. Паралелно, беа спроведени две обуки за ментално здравје и здрава исхрана за сите вработени, од д-р Митов. Исто така беше организирана и пролетна еднодневна прошетка во с. Лесново, Пробиштип.





