По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет со ТИТАН УСЈЕ доби признание за долгогодишната соработка и значајниот придонес во развојот и унапредувањето на образовната, научната и апликативната дејност на факултетот.
ТИТАН УСЈЕ отсекогаш гледал на соработката со академските институции како партнерство кое има бенефиции за сите. Академските истражувачи носат експертиза и иновативни пристапи, додека бизнисите обезбедуваат практични увиди и финансирање. Оваа тесна соработка им помага на студентите да стекнат практични вештини преку практикантска работа, различни програми и проекти од реалниот свет, зголемувајќи ја нивната вработливост и подготвеност за развој на кариерата.
