Проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ на УСЈЕ доби национална награда за најдобра општествена одговорна практика

03.12.2019

Проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ на УСЈЕ доби национална награда за најдобра општествена одговорна практика

Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби признание за проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ во категоријата „Односи со зедницата“, што го доделува Националното координативно тело за општествена одговорност на компаниите и Министерството за економија. 

УСЈЕ, во соработка со Архитектонскиот факулет од Скопје, започна проект за реконструкција и подобрување на изгледот на фасадите на силосите и на дел од инсталациите. Во рамките на овој проект, УСЈЕ распиша конкурс на кој беа пријавени 25 идејни решенија изработени тимски или поединечно. Најдобрите четири решенија избрани од стручна комисија, беа откупени по што беше изработен проект за реализација. Првата фаза на проектот е веќе имплементиран и дел од инсталациите на УСЈЕ добија нов изглед. 
Покрај оваа активност, во рамките на проектот „Соработка за поквалитетно обазование и кариерни можности“, беше донирана и дигитална опрема за Факултетот за електротехника и информациски технологии, Усје учествиваше во САРКОС РИЛЕМ проектот заедно со Технолошко-металуршкиот Факултет од Скопје, а и во континуитет се реализира Програмата за практикантска работа во УСЈЕ во партнерство со училиштата. 

„Поддршката на образованието за младите и создавање на подобри услови за едукација и практична работа се проекти на кои посветено работиме повеќе години. Преку соработката со релевантите институции секогаш се обидуваме да најдеме начин за проширување на овие проекти за на младите да им понудиме можности да се едуцираат во современи услови, но и да ги реализира ат своите идеи. Оваа награда ни е особено драга, бидејќи е признание и за компанијата, но и за сите наши партнери кои се дел од овој проект “, истакнаа од УСЈЕ. 
Во изминатите десет години УСЈЕ неколку пати е носител на национално признание за општествено одговорни практики.