Научен труд подготвен од тимот на Титан Усје, во соработка со водечки истражувачки институции, е објавен во престижното списание „Materials” како дел од специјалното издание „Advances in Rock and Mineral Materials”. Трудот, со наслов „Карактеризација на индустриски остатоци што содржат алуминиум во регионот на Источна, Југоисточна и Јужна Европа (ESEE) во поддршка на циркуларната економија и Европскиот зелен договор“, претставува значаен придонес кон развојот на одржливи индустриски практики.
Ова истражување е резултат на посветената тимска работа на нашите вработени Николина Стаматовска, Александра Момиров и Љупка Владичевска, кои заедно со Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје, Словенечкиот национален институт за градежништво и Институтот за нуклеарни науки „Винча“ во Србија придонесоа кон продлабочување на научните сознанија во оваа област.
Публикацијата претставува важен чекор во унапредувањето на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот ESEE, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.
🔗 Прочитајте ја целосната студија тука: MDPI Materials Journal
Овој успех уште еднаш ја потврдува посветеноста на Титан Усје и нашите вработени кон истражувањето, иновациите и одржливиот развој на индустријата.