Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, а со цел да и овозможи на заедницата пофункционална противпожарна заштита на територијата на Општина Кисела Вода и Сопиште Цементарница УСЈЕ обезбеди дел од свој објект кој ќе биде пренаменет за отварање на противпожарна бригада. Овој голем проект ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Ова, пред се’, значи можност за побрза реакција при несаканите настани, а воедно истиот е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една соседна општина.
За Цементарница УСЈЕ е од особено значење да се осигури дека функционирањето на компанијата има позитивно влијание врз општеството и локалните заедници. Горди сме на нашата улога како грижлив, активен корпоративен граѓанин, кој тесно соработува со засегнатите страни за да се подобри квалитетот на нивниот живот и да се создаде заедничка вредност.