Цементарница УСЈЕ АД Скопје веќе седма година донира и учествува во засадувањето дрвца во основните училишта и градинките во Општината Кисела Вода со цел подобрување на животната средина на децата. Компанијата секоја пролет и есен организира акции за засадување дрвца во училишните дворови на основните училишта и градинките. Целта на овој проект е развивање на свеста на учениците за значењето и заштитата на животната средина.
На 18.09.2012 година, вработените на УСЈЕ заедно со Градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев и секако децата од градинката поминаа заедничко време засадувајќи дрвца во дворот на детската градинка.
Директорката, г-ѓа Павлина Карамазова, ја искористи приликата да ја изрази својата благодарност за активностите кои и оваа година ги презема УСЈЕ за подобрување на условите во градинката во склоп на проектот Партнерство со училиштата, додека децата не наградија со детска приредба во која сите уживаа.



