На 22 март 2019 година, 6 студенти од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје имаа можност да ја посетат нашата компанијата и подетално да се запознаат со нашиот производствен процес и начинот на функционирање. Студентите на почетокот на својата посета преку кратко видео се запознаа со историјата на фабриката од нејзината изградба па се до денес, а преку презентација им беа истакнати и сите аспекти од полето на безбедност и здравје при работа на кои им посветуваме огромно внимание. Подоцна во текот на посетата, поделени во групи имаа можност да направат обиколка низ фабрката и да продискутираат со нашите вработени за прашања поврзани со начинот на производство, кои суровини ни се потребни и како со нивна обработка доаѓаме до финалниот производ. Исто така на студентите со посебно винимание им беа претставени нашите заложби од областа на животната средина и испитувањето на квалитетот на производите.
Оваа посета на студентите е во склоп на нашата стратегија за развиени општествено одговорни практики и поддршка на заедницата, како и соработка со универзитетите.