Студентска посета на Титан Усје од Меѓународната асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ)

04.11.2024

Титан Усје беше домаќин на група студенти од Меѓународната асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (IAESTE), кои на интерактивен начин имаа можност да се запознаат со нашите технологии во процесот на производство на цемент, осигурување на квалитетот на производот и одржливи практики во компанијата.

Клучен момент од посетата беше претставувањето на иновативниот проект Виртуелен Навигатор за Таланти и VR очилата како ново дигитално решение во индустријата.  Со претставувањето на виртуелниот навигатор за таленти во Титан Усје, беше истакната важноста на напредната технологија како клучен ресурс којшто може да ја зголеми ефикасноста на производството и воедно да вклучи вештачка интелигенција во нашите процеси на работа. Студентите го посетија и секторот за производство, каде што имаа можност одблизу да се запознаат со дигиталните алатки коишто се користат во производствениот процес на Титан Усје.

Титан Усје спроведува континуирани подобрувања преку воведување на иновативни решенија и иновации што ја зголемуваат ефикасноста на нашите операции.

Среќни сме што успеавме да поттикнеме интерес во следната генерација инженери и технолошки лидери, отворајќи нови можности и иновации во нашата индустрија.