Водејќи се од својата политика за општествена одговорност УСЈЕ веќе четврта година по ред го поддржува овој настан со хуманитарна цел, а оваа година учествуваа три тимови кои ја претставуваа компанијата на натпреварите.
Овој настан остварил многу хумани цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на аматерите кон оние на кои им е потребна помош. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде наменета за Здружението за хумано-општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА со цел помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граѓани кои тоа им е отежнато од различни причини, лица со загрозен социјален статус, лица со физичка и ментална попреченост, лица жртви на насилство,самохрани родители, и деца без родитески надзор или деца од социјално загрозени семејства, и лица кои живеат во тешко достапни реони.