Вработените на компанијата и претставниците на менаџерскиот тим, засадија садници на локациите Три Круши во Драчево и донираа и засадија над 50 садници во дворот на основното Училиште Кузман Јосифивски Питу во општина Кисела Вода, каде што и целосно го реализираа хортикултурното уредување
13.11.2009 – Скопје, И оваа година Цементарница Усје Титан е дел од големата акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Над 100 вработени од компанијата заедно со менаџерскиот тим, претставници на општината Кисела Вода и локалното население, засадија неколку стотици садници, приклучувајќи се кон оваа иницијатива чија крајна цел е подигнување на еколошката свест и заштитата на животната средина.
Менаџментот на компанијата, заедно со вработените засадија неколку илјади садници во месноста „Три круши„ во населбата Драчево, во оштината Кисела Вода. Садниците се обезбедени од државата, а на барање на општина Кисела Вода, Цементарница Усје – Титан со свои вработени и механизација помогна во подготовка на теренот. Акцијата продолжи во дворот на основното училиште „Кизман Јосифовски Питу“, каде компанијата донираше повеќе од 50 садници, а го реализираше и целосното хортикултурно уредување во дворот на училиштето.
„Еколошките проекти се традиција и дел од корпоративната култура на Цементарница Усје Титан и токму затоа со задоволство и годинава, по четврти пат, учествувавме во оваа благородна мисија. Неколкупати досега Цементанрица Усје – Титан успешно реализираше акции за садење на дрвото во соработка со локалното население и општината Кисела Вода. Продолжуваме и понатаму да работиме за унапредување и зачувување на околината„, рече Антони Николопулос, Главен извршен директор на Цементанрица УСЈЕ А.Д.
И по завршувањето на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина, Цементарница Усје – Титан, заедно со општината Кисела Вода, продолжува со бројни еколошки активности. До крајот на ноември во оваа акција ќе бидат засадени дополнително уште неколку стотици садници во осум основни училишта во општината. Освен тоа, Цементарница Усје – Титан ќе донира и садници за градинката „Весели Цветови“, а ќе уреди и неколку паркови во општината Кисела Вода.
Ова не е прва соработка помеѓу Цементанрица Усје – Титан и општината Кисела Вода. Секоја година на иницијатива на компанијата се реализираат хортикултурни проекти за садење на нови садници, цвеќе и комплетно уредување на зелениот појас во образновните институции и јавните простори за релаксација и забава.