ТИТАН Цемент Групација - годишни резултати за 2009 Год.

19.3.2010

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

Прометот на Групацијата ТИТАН во 2009 год. изнесуваше вкупно 1 361 милиони евра, што претставува намалување од 13,8% во однос на претходната година. ЕБИТДА опадна за 13,2% и достигна 330 милиони евра. Добивката на Групацијата пред оданочувањето достигна 158 милиони евра со намалување од 24,7%. Нето добивката на Групацијата, по малцинското учество и оданочување, достигна 123 милиони евра, што претставува 40,7% помалку споредено со претходната година, додека заработката по акција изнесуваше 1,52 евра наспроти 2,53 евра претходната година.

Треба да се напомене дека вонредниот даночен кредит од 22,2 милиони евра кој Групацијата го забележа во 2008 година и специјалниот придонес за општествена одговорност кој беше наметнат на нето приходите на грчките компании во финансиската 2008 година изнесуваше 10,9 милиони евра кој Групацијата го забележа во 2009 година влијаеше врз основите на компарација на 2009 со претходната година. Па така, нето заработката се намали за 27,6%, односно на 134,3 милиони евра.

 

 € мил.

Q4 2009

Q4 2008

% разлика

2009

 2008

% разлика

Приходи

314,3

394,9

(20,4%)

1.360,6

1.578,5

(13,8%)

ЕБИТДА

71,8

89,1

(19,4%)

329,8

380,1

(13,2%)

Добивка пред оданочување

29,9

30,6

(2,1%)

158,1

210,0

(24,7%)

Нето добивка*

Компарабилна нето добивка*

19,7

30,6

45

38,4

(56,2%)

(20,3%)

123.4

134,3

208,2

185,6

(40,7%)

(27,6%)

*по оданочување и малцин.удели 

 

Долготрајната, длабока криза во градежниот сектор во САД, падот на станбената изградба во Грција и остриот пад на пазарите во Југоисточн Европа имаа негативно влијание врз резултатите на Групацијата.

Во Грција, градежните активности значително се намалија во 2009 година. Според Државниот Завод за статистика на Грција, обемот на градежни активности по број на издадени градежни дозволи во 2009 година опаднал за 26% во споредба со 2008 година. Ова директно влијаеше врз потрошувачката на цемент, која се проценува дека опаднала за сличен процент. Како резултат на тоа, EBITDA во Грција и Западна Европа забележа пад од 24% во споредба со 2008 година и изнесуваше 128 милиони евра.

Во САД, побарувачката на градежни материјали продолжи со остриот пад и оваа година. Според Асоцијацијата за Портланд Цементи, потрошувачката на цемент во САД опаднала за 27% во 2009 во споредба со претходната година. Изградбата на станбени објекти доживеа пад од околу 75% од високото ниво во 2006 година на најниско ниво во последните децении. Во исто време, кризата на пазарот со комерцијални недвижности се продлабочи, додека финансискиот стимулативен пакет не продре доволно брзо за значително да влијае на потрошувачката на цемент во текот на 2009 година. Оперативната профитабилност се намали за 40% и достигна едвај 26 милиони евра.

Во Југоисточна Европа негативното влијание од глобалната економска рецесија доведе до остар пад на сите регионални пазари и намалена побарувачка на нашите производи во регионот. Изградбата на нова фабрика во Албанија напредуваше според планираното во текот на годината и во моментот е во фаза на подготвување во очекување на отпочнувањето со работа. Вкупната ЕБИТДА во Југоисточна Европа се намали за 30% и изнесуваше 74 милиони евра.

Во Источно Медитеранскиот регион зголемената побарувачка во Египет (за +25% во 2009, според официјалната статистика) во комбинација со аквизициите на Групацијата во 2008 год. во Египет и Турција доведе до значително подобрување на финансиските резултати. Стартувањето на новата производствена линија во Бени Суеф, Египет во ноември 2009 година веќе започна со позитивен придонес во резултатите на Групацијата. ЕБИТДА за 2009 година порасна за 62% достигнувајќи 103 милиони евра.

Во 2009 година, Групацијата продолжи со своите инвестиции во проширување на производствените капацитети во Египет и изградба на нова гринфилд фабрика во Албанија, две земји во развој со позитивна демографски и развоен потенцијал. Овие два големи проекти, кои апсорбираа најголем дел од капиталните инвестиции на Групацијата во 2009 година кои изнесуваат 166 милиони евра, беа нареме завршени и согласно буџетот.

Со цел да се прилагоди на постоечките услови, Групацијата ТИТАН останува фокусирана на намалување на задолженоста преку генерирање позитивни парични текови и ги продолжува своите заложби за контролирање на трошоците, намалување на оперативните трошоци и разумно управување со ликвидноста. Општите, административните и трошоците за продажба (СГА) за 2009 година, споредено со претходната година се намалија за 15%. Истовремено, нето долгот на Групацијата се намали за 143 милиони евра споредено со крајот на 2008 год.

Во текот на 2009 година, Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s два пати ја рангираше Групцијата на повисоко место: прв пат во првиот квартал од негативен кредитен статус на стабилна перспектива и втор пат во последниот квартал од стабилна на позитививна перспектива. Долгорочниот рејтинг на Групацијата и понатаму е 94+.


ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ ПО БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА

Во САД, Американскиот Армиски Корпус на Инженери (АСЕ) на 1. февруари 2010 година го објави потпишувањето на Одлуката (Record of Decision) која го трасира патот за нови дозволи за експлоатација во областа Лејк Белт, Флорида. Одлуката се однесува на девет барања за дозволи од страна на седум комапнии, меѓу кои и подружницата на Титан во Америка, Тармак Америка. Компанијата очекува наскоро да ја добие дозволата за експлоатација, која не се очекува да има значително влијание врз моменталната работа и профитабилност, во контекст на постојните пазарни услови на криза. Сепак, таа ја намалува неизвесноста и му овзможува на Титан долгорочен фокус на извонредност во работењето и грижа за животната средина.


ПРЕДВИДУВАЊА ЗА 2010 година

Постои воздржан оптимизам во врска со светската економија во 2010 година, иако поради моменталната неизвесност било какви предвидувања претставуваат предизвик. Што се однесува до градежните материјали очекуваме, општо гледано, раст во земјите во развој и во новонастанатите економии и стагнација или пад во развиените земји.

Во Грција очекуваме натамошен пад во градежниот сектор и, како последица на тоа, во потрошувачката на цемент и другите градежни материјали. Ограничувањето на потршувачката моќ на граѓаните како резултат на мерките за преструктуирање и реформа на грчката економија, во спрега со неизвесноста која произлегуваше од исклучително неповолните економски услови и намалувањето на кредитите, се очекува да резултира со натамошен пад на побарувачката на недвижности. Истовремено, понудата на станбен простор останува голема и најверојатно истата нема да биде апсорбирана во текот на годината.

Во САД не очекуваме значаен нагорен тренд во градежниот сектор во 2010 година. За 2010 година, Асоцијацијата за Портланд Цементи предвидува пораст од 5% на опаднатото ниво на потрошувачка на цемент во 2009 година. Овој пораст ги опфаќа потенцијалните ефекти на мерките преземени од страна на американската влада за зајакнување на пазарот на недвижнини и стимулирање на јавните објекти. Секој пораст се предвидува за втората половина од 2010 година со оглед на тоа дека потрошувачката продолжува да опаѓа во текот на првите месеци од годината.

На пазарите на Југоисточна Европа не се очекуваат значајни промени во споредба со 2009 година во поглед на градежните активности. Очекуваме дека потрошувачката на градежни материјали во регионот ќе продолжи со својот низок тренд. Сепак, резултатите на Групацијата ќе бидат зајакнати со започнување на работата на фабриката во Албанија со капацитет од 1,5 милиони тони.

Во Египет се очекува потрошувачката на цемент и натаму да расте, но со помал интензитет од оној во 2009 година. Овој раст, во комбинација со зголемените производствени капацитети на Групацијата благодарение на нивата производствена линија која беше пуштена во работа во ноември 2009 година во фабриката во Бени Суеф, се очекува позитивно да влијае врз резултатите на Групацијата во регионот.

Во Турција очекуваме пазарот да почне да се опоравува во 2010 година.

Цените на нафтата почнаа да се покачуваат и доколку тој тренд продолжи во 2010 година, се очекува тоа негативно да влијае врз резултатите на Групацијата во втората половина на 2010 година.
Групацијата ќе продолжи да се фокусира на редуцирање на надворешното позајмување со ограничување на инвестициите и контролирање на тековните средства. Заложбите за контролирање на трошоците во 2009 година ќе продолжат и во 2010 година.

Групацијата останува фокусирана на нејзините четири стратешки приоритети, кои се географска диверсификација на цементот, континуирано подобрување во поглед на трошоците и конкурентноста, вертикална интеграција во градежните материјали и фокус на човечките ресурси и корпоративната општествена одговорност.


ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА КОМПАНИЈАТА

На ниво на компанијата мајка, прометот достигна 450,1 милиони евра или пад од 18%, додека ЕБИТДА достигна 119,5 милиони евра или пад од 20% како одраз на падот на продажбата на домашниот пазар. Нето добивката после оданочување и малцинското учество се намали за 56% споредено со претходната година, достигнувајќи 46,4 милиони евра.

Одборот на директори на Titan Cement Co, S.A. ќе му препорача на Годишното собрание на акционери, закажано за 18. мај 2010 година, дивиденда од 0,18 евра по акција наспроти 0,42 евра од минатата година. Препорачаната дивиденда го отсликува приоритетот на Групацијата за зачувување на ликвидноста за подобро позиционирање заради справување со предизвиците во 2010 година.
Титан е независен производител на цемент и градежни материјали со повеќе од 100 години искуство во индустријата. Групацијата, со матична земја Грција, оперира во 8 држави и поседува 13 фабрики за цемент.Во текот на целото свое постоење, Титан има за цел комбинирање на извонредност во работењето, со почитта кон луѓето, општеството и животната средина.

Во 2009 год., продажбата на Групацијата беше над 15,9 мил. тони цемент и цементни материјали, 3,9 мил. м3 готов бетон, 15,3 мил. тони агрегати и други градежни материјали, како бетонски блокови, суви малтери и др.

Детални финансиски и други податоци може да се најдат на веб-сајтот на Титан Групацијата: www.titan-cement.com.