Нашата Компанија со задоволство ги отвори вратите за дечињата од Основното училиште „Димитар Македонски“ од населбата Лисиче.
На 16. и 17. април 2013 г., околу 70 ученици во трето одделение придружувани од своите учителки беа наши гости.
Преку прошетка низ производствените капацитети, децата се запознаа со цементот, како го правиме цементот и како го контролираме неговиот квалитет. Нашата Лабораторија беше особено интересна за младите ученици.
Согласно нивната образовна програма, децата беа запознаени со нашите резултати во заштитата и грижата за животната средина.
Образованието е еден од главните приоритети на политиката за општествена одговорност на Цементарница УСЈЕ АД Скопје како дел од нашата заложба за додавање вредност за секого, а најмногу од сé, за најмладите генерации.