УСЈЕ ГО ПОДДРЖА 5 ЈУНИ - СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

05.6.2018

Водејќи се од својата посветенот кон одржлив развој како и од својата Политика за животна средина, Цементарница УСЈЕ го подджа настанот по повод одбележување на 5 јуни Светскиот ден за животната средина под мотото “Да го победиме загадувањето од пластика”. Цементарница УСЈЕ подари 300 платнени ранчиња на децата кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња кои ги дадоа на рециклирање. Преку оваа акција УСЈЕ испрати силна порака за воведување на позитивни навики во нашиот секојдневен живот преку намалување на употребата на платсика и паметно селектирање на отпадот.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина во Македонија, а свое обраќање имаа и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.