УСЈЕ го поддржа Меѓународниот добротворен базар

07.6.2014

Четвртиот Меѓународен добротворен базар се одржа на 07. јуни 2014 по повод Меѓународниот ден на детето во организација на Добредојде Македонија Welcome Center (DMWC).

Голем број амбасади и странски претставништва учествуваа на базарот на кој продаваа храна и други ракотворби од своите земји, а сите собрани средства ќе бидат донирани на посебното основно училиште „Златан Сремец“.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје го поддржа овој хуманитарен чин со реновирање на училницата за дневен престој и просторијата за психомоторен развој на децата од училиштето.

До сега, УСЈЕ придонесува кон заложбите за подобрување на животот и образованието на децата со посебни потреби од ова училиште преку многубројни активности, меѓу кои изградба на игралиште за моторен развој на децата, реновирање на дело од кровот на училиштето, поставување нова ограда и поправка на постојната ограда околу училиштето, замена на прозорците во кујната и трпезаријата, санација на канализацијата, изградба на патекам садење дрвца и жива ограда во дворот и други активности.