Драгана Челева е овогодишниот добитник на стипендија за постдипломски студии по МБА на Бизнис Факултетот АЛБА во Атина која ја доделува Цементарница УСЈЕ АД Скопје секоја година. Со стипендијата, овогодишниот добитник добива можност да се здобие со професионално знаење и вештини на овој реномиран Факултет кој е специјализиран за постдипломски студии по менаџмент и бизнис администрација.
„Да се образуваш на престижна образовна институција, како што е факултетот АЛБА за мене претставува одлична можност за стекнување напредно знаење во областа на менаџментот и бизнис администрацијата со што ќе ги зајакнам своите способности и вештини”, вели Драгана, дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство.
Досега околу 14 дипломирани студенти го продолжија своето образование на Бизнис Факултетот АЛБА со стипендија добиена од УСЈЕ.
Годишната програма за доделување МБА стипендии за дипломирани студенти е една од програмите на нашата Компанија за поддршка и унапредување на образованието во земјата.