УСЈЕ додели стипендии за МБА постдипломски студии

08.10.2010

27.09.2010, Скопје

Цементарница УСЈЕ АД Скопје стратешки го поддржува образованието заради подигнување на нивото на образование на младите луѓе во земјата. За таа цел, УСЈЕ додели четири стипендии за постдипломски студии по менаџмент и бизнис администрација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Овогодишни добитници на стипендии се Елена Трајчевска, дипломиран економист, Катерина Христова, дипломиран машински инженер, Костадин Андов, дипломиран машински инженер и Тања Велковска, дипломиран електро инженер. Изборот е направен преку јавен конкурс, а избрани се дипломци со највисок просек. 

„Да се добие ваква стипендија за нас претставува животна шанса која ќе ни овозможи да го продлабочиме своето знаење и вештини, што пак ќе ни помогне во натамошно напредување во кариерата и професионалното искуство.“, рекоа добитниците на стипендии.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје, минатата година ја прошири својата Годишна Програма за стипендирање со стипендии за постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Медотиј„ во Скопје, покрај традиционалното доделување стипендии за менаџмент и бизнис администрација на Бизнис Факултетот АЛБА во Атина.