28.03.2009, Скопје. Како поддршка за глобална акција „Час на планетата земја - час без струја“ Усје ги исклучи мелниците во траење од еден час. Мелниците беа исклучени на 28.03.2009 во периодот од 20.30 до 21.30 часот, кога истото тоа го направија поддржувачите на оваа иницијатива во цел свет.
Со исклучувањето на мелниците Усје заштедува 10 MW/h електрична енергија или приближно колку што е потрошувачката на над 3.000 домаќинства во држават. Вo исто време ќе се исклучат и Светилките на локации каде што тоа го дозволуваат безбедносните мерки за заштита при работа.
“Поддршката кон оваа глобална иницијатива не е само прашање на добра волја, туку и наша обврска. Заштитата на Животната Средина е еден од нашите приоритети. Нашата компанија постојано работи на ова поле и на тоа сме максимално посветени. И во наредниот период ќе продолжиме исто така да даваме наш придонес кон заштитата на Животната Средина, “ - изјави Главниот Извршен Директор на Усје, Антони Николопулос.
Од Декември 2008, Усје е член на локалниот Глобален Договор на Обединетите Нации. Со потпишување на Глобалниот Договор, Усје ги прифати десетте принципи за добро Корпоратино Управување, меѓу кои е и принципот за почит кон Животната Средина. Оваа иницијатива „Час на планетата земја - час без струја“ беше прифатена од мултинационалната Групација ТИТАН, компанијата мајка на Цемнтарница Усје.
„Часот на планетата земја“ е глобална иницијатива која доби поддршка од повеќе меѓународни организации. Кон акцијата се приклучија повеќе од 84 држави, 6.299 организации и 21.014 компании.
На оваа иницијатива поддршка даде и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки- Мун, кој ги повика сите граѓани да се приклучат на оваа иницијатива и да заштедат струја.