На 03. октомври 2015 г., во речиси сите општини низ државата беше реализирана третата национална кампања „Македонија без отпад 2015“. Акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот, едукација и промоција иницирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата за чиста животна средина “Ајде Македонија”.
Со оваа акција граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција „Lets'do it! World 2015“, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент, а оваа година се одвива во 112 земји со околу 13 милиони доброволци.
Целта на кампањата е да поттикне граѓански активизам и волонтаризам, како и да ја развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилното управување со отпадот и развивање на механизам за подршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
УСЈЕ ја поддржа оваа акција преку пружање активна помош на организаторите на акцијата, невладината организација „Ајде Македонија“.
Промовирајќи го концептот на корпоративно волонтирање и водејќи се од својата посветеност на грижата за животната средина, Цементарница Усје со своите вработени со задоволство пристапи на оваа иницијатива. Одвоивме дел од викендот, ги засукавме ракавите и се фативме за работа. Повеќе од 50 вработени на УСЈЕ, вклучувајќи дел од менаџментот, волонтираа на територијата непосредна околина на фабриката.
Поддршка на акцијата „Ајде Македонија!“ соодветствува на нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина во рамки на општествената одговорност на претпријатието. Дополнително со ваквите акции, Цементарница Усје, со доброволно учество на своите вработени, придонесесува за подобрување на здравјето на граѓаните од соседството.