УСЈЕ беше дел од Меѓународната конференција „Гредит 2024“, чија цел беше да придонесе за одржлив развој преку мултидисциплинарен пристап. Конференцијата опфати теми како што се загадување на воздухот, водата и почвата; биодиверзитет; климатски промени; законодавство и регулатива за животната средина; одржлив развој; и циркуларната економија.
Главниот извршен директор на ТИТАН УСЈЕ, г-дин Константинос Николаоу учествуваше во дискусија на тркалезна маса - Иновации дел од зелениот раст, кои се однесуваат на поттикнување на економскиот раст и развој, истовремено обезбедувајќи дека природните добра продолжуваат да обезбедуваат ресурси и услуги за животната средина на кои се потпира нашата добросостојба.
Учеството на конференции од областа на животната средина е од витално значење за поттикнување на одржливоста во нашата компанија. Тоа ни помага да останеме информирани, да се поврземе, да ја покажеме нашата посветеност, да влијаеме врз политиката, да се усогласиме со целите на ESG, да поттикнеме иновации и да одговориме на глобалните предизвици. Преку овие ангажмани, УСЈЕ не само што ги подобрува сопствените практики за одржливост, туку придонесува и за пошироки цели од областа на животната средина.