УСЈЕ ЈА ОСВОИ НАЦИОНАЛНАТА НАГРАДА ЗА ДОБРА ПРАКСА ВО БЗР ВО 2012

13.5.2013

Цементарница УСЈЕ беше наградена со „Националната награда за добра пракса во БЗР за 2012 година“. Овој настан е организиран од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со социјалните партнери, „Државниот инспекторат за труд и БЗР“, „Сојузот на Синдикати на Македонија“, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија“. Свечената церемонија на доделување на наградите се одржа за време на „Меѓународната конференција за Национални стратегии за БЗР“ на 26. април 2013 г. во Маврово.

УСЈЕ учествуваше со својата Програма за „Интерна обука за безбедност и здравје при работа“ како најдобра пракса и ја освои Националната награда во конкуренција од 16 компании.

Посветеноста на УСЈЕ да ги одржи безбедноста и здравјето како прв приоритет е применета преку постојана обука на секој вработен. За оваа цел ја развивме програмата за предавања во среда којашто се одржува од ноември 2004 година од страна на Секторот за безбедност и здравје при работа, а е посетена од сите вработени во компанијата. Предавањата се одржуваат седмично со специфични теми во циклус, а вработените се охрабрени да се вклучат во консултациите и комуникацијата за прашања во однос на безбедноста и здравјето што влијаат на нивната работа.

Оваа награда е потрвда на нашата посветеност и заложби за исполнување на нашата визија за обезбедување здрава работна средина без инциденти, повреди и несреќи. Пристапот на компанијата за намалување на ризиците на работа е континуиран и заеднички напор на менаџментот и вработените. Усвоивме систематски пристап кон безбедноста и здравјето при работа за да постигнеме постојано подобрување на резултатите во овој аспект.