УСЈЕ ја освои Националната награда за општествена одговорност за Односи на пазарот

25.4.2013

Цементарница УСЈЕ АД Скопје освои прва награда, Националната награда за општествена одговорност, во категоријата Односи на пазарот со проектот „Поддршка на купувачите“. Националните награди за најдобри општствено одговорни практики за 2012 се организиран од Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, поддржани од Европската унија, а спроведени од Министерството за еконимија во партнерство со невладината органзиација Зенит.

Оваа година, шеста по ред откако се реализира овој настан, конкурираа 43 компании од земјата со 66 проекти.

Покрај првата награда, УСЈЕ доби и Признание во категоријата Животна средина со проектот Третман на атмосферски и површински води во Цементарница УСЈЕ.

Овие награди претставуваат признание на нашите заложби за задоволство на купувачите што е еден од врвните приоритети на нашата Компанија и нашата политика за општествена одговорност, како и нашите напори и заложби за заштита на животната средина.

Овие признанија се потврда на заложбите на УСЈЕ да биде одговорен корпоративен граѓанин и да придонесува за растот и добросостојбата на сите засегнати страни, вклучувајќи ги и нашите купувачи, добавувачи, животната средина и општеството како целина.