Училиштето “Блаже Конески” ќе добие нова енергетско-ефикасна фасада

11.3.2022

Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, општина Аеродром наскоро ќе добие целосно нова фасада. Оваа инвестиција вредна повеќе од 72 улјади евра произлегува од конструктивната соработка на нашата компанија со локалните општини и е дел од проектот Партнерство со училиштата кој Цементарница УСЈЕ го започна во 2010 година.

Со обновувањето на фасадата на училишната зграда, ќе се добие целосно нова енергетско-ефикасна фасада, со што училиштето, покрај тоа што ќе добие нов лик, во голема мера и ќе заштеди на електрична и топлинска енергија.

Во рамки на овој проект, Цементарница УСЈЕ досега има вложено повеќе од 665 илјади евра и реконструирано и реновирано голем број основни училишта и детски градинки во локалната општина Кисела Вода како и во соседните општини овозможувајќи подобри услови за престој на најмладите.