30.03.2010, Скопје – Над стотина вработени од Цементарница УСЈЕ АД Скопје, заедно со менаџерскиот тим на компанијата се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, што се одржа денеска. Вработените на компанијата се приклучија на оваа акција и засадија неколку стотици садници на локацијата „Три круши“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода.
„Акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина, е одлична можност за сите граѓани, компании и институции, да ја покажат својата почит и грижа кон животната средина. Но, ние во нашата компанија сметаме дека грижата за околината е наша обврска, секој ден. Токму затоа преку сите наши активности, ние се обидуваме секојдневно да дадеме свој придонес во континуитет“, изјави Борис Хрисафов, извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.


Хидро сеењето е релативно нова техника, каде со помош на специјална пумпа и друга мобилна опрема, на површината за рекултивација се распрскува смеша од различни семиња на треви, геофиксатор и вода.
Првата кампања на хидро сеење на рудникот за лапорец во УСЈЕ се реализираше есента 2009 година и првите резултати се веќе видливи. Во текот на оваа втора кампања со хидро сеење во април 2010 година, опфатени се околу 1 ха од јужните и западните етажи на рудникот.
Претходните добри резултати добиени со техниката на хидро сеење нé охрабруваат да продолжиме со оваа практика за ремедијација и во следните сезони.

