Цементаријада 2017-спортски натпревари за вработените во цементарниците

29.6.2017

Цементарница УСЈЕ оваа година традиоционално по 28ми пат учествуваше во Цементаријадата 2017, која се одржа во Кладово во близина на Ѓердап, Србија од 29 јуни до 2 јули. Покрај учесниците од УСЈЕ, имаше претставници и од неколку други цементарници од регионот: Цементара Лукавац од Босна, Холцим Поповац, Лафарж Беочин и ТИТАН Цементара Косјериќ од Србија, со вкупно околу 300 учесници. Учесниците се натпреваруваа во неколку спортови и тоа: мал фудбал, одбојка, кошарка, пинг-понг, пикадо, стрелаштво, влечење јаже, риболов и шах. Вработените на УСЈЕ освоија пехари за: 3то место пикадо (машки екипно), 2ро место шах (екипно), 1во место - најдобар поединец во пикадо (жени), 2ро место за ревијална рибја чорба и трофеј за фер плеј.

Покрај спортските активности, учесниците на овој настан имаа и организирано пловење по Дунав и пикник на кој беше организиран натпревар во готвење рибја чорба на кои имаа прилика да се запознаат подобро и да разменат искуства и мислења.

Цементарница УСЈЕ секогаш ги поддржува овие активности кои помагаат за јакнење на тимскиот дух на вработените.