За првпат во нашата земја беа доделени награди за “Предводници на Целите за оджлив развој” подржани од Делегацијата на Европската Унија и УНИЦЕФ. Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше една од наградените како компанија која има јасна визија за одржлива иднина и обликува нова ера за бизнисите. Повикот за наградите беше објавен во рамки на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, а спроведуван од Мрежата на Глобалниот договор во Македонија-Конект и АГОРА, а наградата ја додели вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, г. Кочо Анѓушев. На настанот поздравни говори имаа и г. Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија и г. Бенџамин Перкс, вршител на должност Постојан коодинатор на ООН во земјава.
Цементарница УСЈЕ како компанија која е предводник на Целите за одржлив развој во 2015 година ги усогласи своите цели за одржлив развој преку процесот на процена на материјалноста и стратешки е определена да креира одржлив бизнис.
Цементраница УСЈЕ од 2008-та година е потписничка и членка на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) што ја обврзува да ги почитува принципите на Глобалниот договор во областите на заштитата на животната средина, човековите и работничките права, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство. Како компанија веруваме дека пристапот за превземање на заедничка одгвоорност за градење подобар свет лежи во сржта на Глобалниот договор на ОН и веруваме дека бизнисите и поедниците можат да одиграат клучна улога во подобрувањето на светот во кој живеме.

