Посебното основно училиште ,,Д-р Златен Сремец”- Скопје по повод 3-ти Декември, меѓународниот ден на лицата со хендикеп организираше продажен базар. На настанот се продаваа претходно донирани пецива, украси, честитки, бижутерија, сувенири и други предмети. Средствата собрани од продажбата на експонатите, во договор со Советот на родители на училиштетo, ќе се искористат за потребите на учениците и за набавка на материјали за работилници.
Ваквата акција за прибирање средства наиде на целосна поддршка од нас. Цементарница УСЈЕ АД Скопје обезбеди своја донација за да се реализира изложбата. Настанот побуди голем интерес кај нашите вработени. Дваесет од нив присуствуваа на настанот и одделија сопствени средства за да купат сувенири изработени од вредните раце на децата и на родителите.
На донаторскиот базар учество зедоа и Генералниот директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претставници за образование и култура од Општина Кисела Вода. Врската помеѓу нашата компанија, вработените во неа и заедницата е од особено значење кога треба заеднички да се направат позитивни промени.