Секоја година Цементарница УСЈЕ АД Скопје традиционално доделува јубилејни награди на своите вработени кои навршуваат 10, 20, 30, 35 и 40 години служба во компанијата. УСЈЕ исклучително го вреднува и се гордее со трудот на своите вработени, нивните остварувања и придонес за постигнувањата на стартешките цели и долгорочната одрживост на компанијата.
Церемонијата се одржа на ден 14.04.2010год. кога Главниот Извршен Директор А.Николопоулос ги поздрави и им честиташе на славениците и им ги врачи дипломите и наградите. По церемонијата беше организиран заеднички ручек за сите славеници.
Оваа година за прв пат церемонијата на доделување на јубилејни награди е значително збогатена со уште една содржина која ќе му донесе поголема симболика на денот. Организирана е акција при која секој награден ќе засади дрво во кругот на фабриката, кое ќе биде со негово обележје, со што уште повеќе ќе се зголеми значењето на денот и на настанот, а воедно ќе придонесе за остварување на една трајна вредност за планетата.
Садниците ги обезбеди Цементарница УСЈЕ АД Скопје, дрвца Cupresociperis Leilandi со 2м. височина и ги подари на своите вработени за овој чин на засадување.
Целта на Компанијата со оваа активност е да ја зголеми симболиката на церемонијата и на овој настан, а воедно да и да даде уште поголем придонес за унапредување на животната средина.



