Цементарница УСЈЕ АД Скопје изгради нова амбуланта за потребите на Компанијата и нејзините вработени

19.7.2010

Цементарница УСЈЕ АД Скопје изгради нова амбуланта за потребите на Компанијата и нејзините вработени

Комплетно нова амбуланта на границата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје денес започна со работа

15.07.2010
За Цементарница УСЈЕ АД Скопје здравјето и безбедноста при работа претставуваат составен дел на работењето и социјалната политика. Грижата за своите вработени отсекогаш била главен приоритет за УСЈЕ.

За таа цел, УСЈЕ изгради комплетно нова амбуланта во рамки на Компанијата која, покрај редовните здравствени прегледи на вработените, обезбедува и здравствена грижа за вработените пред и по работното време.

Новата амбуланта нуди подобри хигиенски и санитарни услови, како и полесен пристап за сите вработени и другите пациенти.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ќе продолжи да води грижа за здравјето на своите вработени и нивните семејства.