Цементарница УСЈЕ доби Признание за општествена одговорност во категоријата Односи со вработените, за големи претпријатија со проектот “Грижа за благосостојбата на нашите луѓе”.
После едногодишна пауза поради пандемијата со Ковид 19, оваа година Министерството за економија на Република Северна Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата повторно доделуваа награди и признанија за општествена одговорност на претпријататијата за периодот од јуни 2019 до јуни 2020 година. Цементарница УСЈЕ доби Признание за општествена одговорност во категоријата Односи со вработените, со проектот “Грижа за благосостојбата на нашите луѓе”. Со овој проект нашата компанија ги презентираше сите активности кои ги превзема за благосостојба на вработените во услови на пандемија. Ова признание е потврда за посветеноста и заложбите на УСЈЕ да биде одговорен корпоративен граѓанин и да придонесува за растот и добросостојбата на сите засегнати страни, вклучувајќи ги своите вработени, животната средина, соседството и општеството како целина.