Заврши реконструкцијата на централното основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. Заменети се прозорците и покривот, а изведена е нова фасадна топлинска изолација. Во насока на уште една потврда на нашата политика на одговорно корпоративно општествено работење, паричните средства за изведба на фасадна топлинска изолација на ООУ “Круме Кепески”, ги обезбеди АД “Цементарница Усје”. Ова претставува еден заеднички проект од делот на партнерство со училиштата. Оваа активност е дел од нашиот повеќегодишен проект наречен „Парнерство со училиштата“ кој започна во 2010-та година и кој опфаќа активности наменети за подобрување на условите и зголемување на свесноста и нивото на безбедност и здравје во училишните средини, како и на еколошките услови во сите основни училишта и предшколски установи и со него досега се опфатени вкупно осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и објектите на две градинки на територијта на општина Кисeла Вода, каде впрочем се наоѓа и Цементарница УСЈЕ.
“Ваквиот вид активности се дел од долгата компаниска традиција и трајните заложби на Цементарница УСЈЕ за поддршка на заедницата на којашто припаѓаме”, истакна Главениот извршен директор на Цементарница УСЈЕ, Борис Хрисафов
Од почетокот на реализација на проектот досега Цементарница УСЈЕ инвестираше близу 200.000 евра во материјали и ангажман на работа сила, како и над 4000 часа директен волонтерски ангажман на вработените и членовите на менџменот на компанијата. За реновирање на училиштето “Круме Кепески”, “Цементарница Усје” вложи над 50.000 евра.
Енергетската обнова на училиштето е проект на општина Кисела Вода, Цементарница УСЈЕ и УНДП за чија реализација се обезбедени 11.300.000 денари.