Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Цементарница УСЈЕ продолжи со проектот за реновирање на градинките и основните училишта во Општина Кисела Вода. Со цел подобрување на условите за безбедност и здравје за намладите Цементарница УСЈЕ донираше средства и изврши поставување на комплетно нова фасада со термичка изолација на Градинката “8 Mарт” во Општина Кисела Вода.