Цементарница УСЈЕ се вклучува во Европската недела на мобилност

22.9.2015

Цементарница УСЈЕ АД Скопје се вклучи во „Европската недела на мобилност“, која се одржува од 16-22 септември. Во рамките на оваа акција, чиј национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање, се промовира одржлив начин на мобилност во урбаните средини. Целта е преку различни активности да се подобри здравјето на луѓето и да се заштити животната средина, преку намалено користење на автомобилите.

Во рамките на оваа активност на 22. септември во Скопје ќе се одржи Велосипедскo дeфиле, која се организира на Денот без автомобили, во рамките на „Европската недела на мобилноста“. За овој настан УСЈЕ донираше пет велосипеди, а дополнително вработените од компанијата и лично ќе учествуваат на Велосипедката парада. Вработените пак, кои на 22. септември имаат неодложни работни обврски во компанијата, ќе дојдат на своите места без автомобил.

„Европската недела на мобилност“ се одржува традиционално со различни активности во повеќе градови. Идејата на Велосипедската парада што се одржа на 22. септември 2014 година под мотото „Наместо автомобилот можеме да го „вклучиме“ разумот“ е да се подигне свеста кај граѓаните дека не мора да се откажеме од своите автомобили, но да не ги употребуваме секогаш кога тоа не е неопходно.

Покрај Министерството за животна средина и просторно планирање, партнер на „Европската недела на мобилност“ е и Европската делегација во Република Македонија, ЕУ Инфо центарот и Градот Скопје.

Традиционално, компанијата се вклучува во сите глобални и национални активности за подобрување и унапредување на животната средина.