30.12.2009 – Скопје, Цементарница Усје Титан продолжува да поддржува едукација на млади талентирани луѓе. Во таа насока Цементанрица Усје Титан додели три стипендии за постдипломски студии за менаџмент и бизнис администрација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Добитници на стипендии се Бојан Крцковски, дипломиран економист, Христина Цигарида, дипломиран машински инжињер, Илче Ѓуровски дипломиран инжињер технолог. Изборот е направен преку јавен конкурс, а избрани се дипломци со највисок просек, кои во моментот се невработени.
„Да се даде поддршка на млади и перспективни луѓе кои се спремни и понатаму да го усовршуваат своето знаење е навистина голема чест и значаен момент за Цементанрица Усје Титан. И понатаму остануваме на нашата определба за инвестирање во едукацијата на млади кадри, бидејќи така инвестираме во иднината на нашата земја„ потенцираше Борис Хрисафов, извршен директор на Цементанрица Усје Титан, при доделувањето на стипендиите.
Од годинава Цементарница Усје Титан за прв пат ја проширува својата програма за подршка на едукација на млади кадри, со стипендија за постипломски студии на Унивезитетот „Св. Кирил и Медотиј„ во Скопје. Досега Цементанрица Усје Титан традиционално доделува стипендии за менаџмент и бизниз админситрација за Факултетот Алба во Атина. Р. Грција. Оваа традиција продолжува и во следниот период.