На велосипедското дефиле низ улиците на Скопје, со што одбележува Светскиот ден без автомобили и со кое традиционално завршува Европската недела на мобилност, учествуваа голем број вработени во Усје.
Исто така, денеска вработените на Усје пристигнаа на своите работни места користејќи го јавниот превоз, пеш или со велосипеди, со што ја продолжија сопствената акција којашто се спреведува секоја среда кога вработените доаѓаат на работа без автомобил и на таков начин, преку личен пример, ја потврдат својата заложба за заштита на животната средина и промоција на здравиот начин на живот.
Од декември 2008, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.